Арсенал се пожали дека тревата на „Метрополитaно“ е превисока: УЕФА ја измери и откри дека не е доволно висока!?

Сме слушнале разни неверојатни поплаки за условите на стадионите во светот на фудбалот. Една од нив е жалбата на Арсенал пред натпреварот со Атлетико Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА

Прегледи:

Датум:

Сме слушнале разни неверојатни поплаки за условите на стадионите во светот на фудбалот. Една од нив е жалбата на Арсенал пред натпреварот со Атлетико Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА.

Според „CBS“, последните во лондонскиот клуб кои се одговорни за одржување на теренот се пожалиле дека тревата на „Ријад Ер Метрополитaно“ е превисока. Челниците на УЕФА земале мерна лента во рацете и почнале да мерат.

Интересно е што потоа дошле до заклучок дека тревата всушност не е доволно висока!? УЕФА ја измери тревата на стадионот во Мадрид и таа била висока 26 милиметри, додека препораката на европското фудбалско тело е дека висината треба да биде 30 милиметри. Сепак, Атлетико Мадрид не претрпе никаква казна за ова бидејќи тоа не е официјално правило.

Барселона имаше слични поплаки за теренот на „Метрополитано“ претходно во тековната сезона. Каталонците се жалеа на сувиот терен кога играа против мадридскиот тим, но немаше конкретни последици за „јорганџиите“.

Ќе видиме дали „лошата трева и терен“ ќе бидат изговор за Микел Артета и неговите момци во случај на непосакуван резултат во првиот натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...