Спанулис го донесе македонскиот репрезентативец Димитријевиќ во Арис

Кошаркарскиот клуб Арис од Солун официјално го потврди доаѓањето на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Популарниот Нено потпиша двегодишен договор со челниците на грчкиот клуб

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Арис од Солун официјално го потврди доаѓањето на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Популарниот Нено потпиша двегодишен договор со челниците на грчкиот клуб.

Тој пристигнува во Солун како еден од главните кошаркари во амбициозниот проект за враќање во Евролигата, под водство на новиот тренер Василис Спанулис.

„Арис со задоволство го објавува потпишувањето на Ненад Димитријевиќ за следните две години. Играчот пристигна од руски Зенит, со кого имаше важечки договор“, се вели во официјалното соопштение.

Димитријевиќ ја започна минатата сезона во Зенит, но ја заврши на позајмица во Баерн Минхен.

Одигра 16 натпревари во Евролигата за германскиот тим, со просек од 11 поени, 2,3 скока и 4,1 асистенции, со 54 проценти прецизност од шут за три поени.

Димитријевиќ, роден во Скопјe, е висок 190 сантиметри и игра како плејмејкер. Покрај Зенит и Баерн, во текот на својата кариера играше за Хувентуд, Валенсија, Уникс и Олимпија Милано.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...