Бомба на крајот од преодниот рок: Барселона тргнува по Лаутаро, Флик го сака по секоја цена

Прегледи:

Датум:

Барселона го постави напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, како свој апсолутен приоритет на крајот од летниот преоден рок.

Информацијата беше објавена за време на пренос во живо на каналот Jijantes FC од страна на шпанскиот новинар Жерар Ромеро, нагласувајќи дека германскиот тренер Ханси Флик лично побарал договор со аргентинскиот напаѓач.

Иако станува збор за исклучително комплициран договор поради финансиската состојба и краткиот рок, раководството на каталонскиот клуб ќе направи сè за да го реализира овој спектакуларен трансфер.

Клучниот детаљ во целата приказна е дека самиот Мартинез наводно ја отворил вратата за евентуален трансфер на Камп Ноу и изразил желба за нов предизвик во кариерата.

Брилијантниот 27-годишен напаѓач е капитен на Интер и го предводи нападот на „нероазурите“ од 2018 година, кога пристигна од аргентински Расинг.

Во клубот од Милано, тој се разви во еден од најдобрите напаѓачи во светот, станувајќи клучна фигура во освојувањето на две титули во италијанското првенство и пласмаот во финалето на Лигата на шампионите.

Сепак, Интер неодамна го обезбеди неговиот потпис за нов договор, што значи дека нема да се согласат на заминување на својот најдобар играч без огромна финансиска компензација.

Исходот од оваа трансфер драма ќе биде познат во наредните денови, кога Барселона ќе се обиде да испрати официјална понуда и да ги задоволи финансиските апетити на клубот со „Џузепе Меаца“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...