Цвајер ќе ја дели правдата на баражот Данска – Македонија во Копенхаген

Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ги одреди официјалните лица за плејоф натпреварот меѓу Данска и Македонија кој ќе се одигра на 26 март во Копенхаген, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство.

Прегледи:

Датум:

Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА) ги одреди официјалните лица за плејоф натпреварот меѓу Данска и Македонија кој ќе се одигра на 26 март во Копенхаген, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство.

Главен судија на натпреварот на стадионот „Паркен“ ќе биде германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува Даниел Шлагер.

За видео асистенција (ВАР) задолжени се Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија, соопштија од ФФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...