Сабаленка: Да игравме пет сета, ќе освоев повеќе Гренд слем титули

Прегледи:

Датум:

Арина Сабаленка, најдобрата тенисерка во светот, се враќа на теренот оваа недела по едномесечна пауза. Таа не одиграла натпревар од поразот во финалето на Австралија Опен и сега се надева на успех во Индијан Велс. Едно од првите прашања на прес-конференцијата во калифорниската пустина беше за предлогот во Мелбурн во иднина, тенисерките да играат во три освоени сета, но од четвртфиналето.

– Го сакам тоа веднаш – одговори Белорусинката, позната по својата голема физичка сила, со голем ентузијазам. – Мислам дека на тој начин ќе освоев уште повеќе Гренд слем титули. Чувствувам дека сум физички многу силна и исто така се чувствувам многу самоуверена дека моето тело може да го издржи тоа, порача таа.

Кога ја прашаа дали е добра идеја, бидејќи тенисерките не се навикнати на такви напори, некои натпревари би траеле пет сета и 4-5 часа, таа рече: „Не знам. Мислам дека на другите тенисерки би им требало многу повеќе работа на кондицијата, но јас сум задоволна од себе. Ние сме во спорт каде што секој се грижи за себе и чувствувам дека имам голема предност во таа област“.

Објавена е листата на кандидати за наградата Лауреус за најдобра спортистка во светот. Името на Сабаленка е на неа.

– Многу ми значи, чест ми е што сум номинирана. Тоа е важна награда и се надевам дека ќе можам да ја освојам. Се надевам на најдоброто – вели Белорусинката, која минатата година го освои Отвореното првенство на САД, играше во финалето во Мелбурн и Париз и доминираше на светската ранг-листа.

Таа коментираше и за фактот дека минатата недела на турнирот беше поставена соба каде што тенисерките можат да го искажат својот гнев без никој да ги види.

– Тоа е добра работа, но мислам дека по мојот престој таму, нема да остане ништо за уништување, низ смеа кажа таа.

Сабаленка е прва носителка во Индијан Велс. Во второто коло ја чека победничката од натпреварот помеѓу Сакацума (Јапонија) и Паркс (САД).

Можни противнички во четвртфиналето се Аманда Анисимова и Викторија Ембоко, во полуфиналето Коко Гоф, а во финалето Ига Свионтек и Јелена Рибакина.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...