Пари Сен Жермен го елиминираше Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите, победувајќи го англискиот шампион на гостински терен.
Откако актуелниот европски шампион триумфираше на својот „Парк де Пренс“ во првиот натпревар од двомечот со резултат од 2:0, славеше и на „Енфилд“ со истиот резултат.
Официјално, најдобриот фудбалер на планетата, Усман Дембеле, ги постигна головите со кои Пари Сен Жермен славеше и во Англија – во 72-та и првата минута од дополнителното време од второто полувреме.
Пари Сен Жермен ќе игра во полуфиналето против подобриот од двомечот Баерн Минхен – Реал Мадрид.
Германскиот шампион славеше во првиот натпревар во Мадрид со резултат од 2:1. Реваншот е закажан за утре во 21 часот на „Алијанц Арена“.


