🎬Барселона победи, но Атлетико се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите

Атлетико Мадрид се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите по драматичниот реванш против Барселона, кој „јорганџиите“ го загубија со 1-2, но благодарение на победата од 2-0 во првиот натпревар, се пласираа понатаму со вкупен резултат од 3-2.

Прегледи:

Датум:

Атлетико Мадрид се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите по драматичниот реванш против Барселона, кој „јорганџиите“ го загубија со 1-2, но благодарение на победата од 2-0 во првиот натпревар, се пласираа понатаму со вкупен резултат од 3-2.

Гостите влегоа во натпреварот на феноменален начин и до средината на првото полувреме веќе ја избришаа својата негатива од два гола во вкупниот резултат благодарение на головите на Ламин Јамал (4′) и Феран Торес (24′).

Сепак, нивниот ентузијазам беше намален откако Адемола Лукман (31′) врати еден гол пред паузата.

Во второто полувреме, Торес постигна уште еден гол во 55-тата минута, но тој беше поништен по преглед на ВАР.

Во 79-тата минута, видео-помошникот на судијата повторно го „попари“ тимот Ханси Флик, бидејќи по негова интервенција, Ерик Гарсија доби апсолутно заслужен црвен картон за спречување на шанса за гол на Александар Серлот, спротивно на правилата.

На крајот, Диего Симеоне се пласира повторно во најдобрите четири на Стариот континент, а конечно ќе може да го нападне и трофејот во најпрестижното натпреварување.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...