Договорот за Балогун пред пропаѓање, Евертон се насочува кон Зиркзе

Трансферот на Фоларин Балогун од Монако во Евертон е пред пропаѓање во последните часови од преодниот рок. Американскиот интернационалец беше на чекор од враќање во Премиер лигата за надомест од 50 милиони евра, но лекарските прегледи пред потпишувањето на договорот ги потресоа „карамелите“, кои веројатно ќе се откажат од голгетерот.

Прегледи:

Датум:

Трансферот на Фоларин Балогун од Монако во Евертон е пред пропаѓање во последните часови од преодниот рок. Американскиот интернационалец беше на чекор од враќање во Премиер лигата за надомест од 50 милиони евра, но лекарските прегледи пред потпишувањето на договорот ги потресоа „карамелите“, кои веројатно ќе се откажат од голгетерот.

Според информациите од францускиот новинар Фабрис Хокинс, напаѓачот не ги поминал лекарските тестови во Евертон, што го става договорот во критична состојба. Медицинскиот персонал на тимот е дециден дека играчот не е 100% опоравен за игра. Кампот на Монако и околината на играчот се на спротивно мислење и инсистираат дека тој е целосно подготвен и нема здравствени проблеми. Сепак, се поверојатно е дека нема да има трансфер.

Со оглед на тоа што договорот е во опасност да пропадне, Евертон веднаш активираше резервна опција. Клубот воспостави итен контакт со Манчестер Јунајтед за холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе.

Фабрицио Романо потврди дека „карамелите“ веќе се во преговори со агентите на Зиркзе. Сепак, „црвените ѓаволи“ го имаат последниот збор. Јунајтед веќе одби неколку понуди од Италија за Зиркзе во последните 48 часа и сè уште не одлучи дали да го засили директниот ривал од Премиер лигата во последните минути од пазарот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...