Нов предизвик: Тоти советник на римски кошаркарски проект

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, се приклучи на нов кошаркарски проект - Максима Рома. Како што објави клубот, Тоти ќе биде советник на сопственикот и претседателот на клубот, како и делегат задолжен за развој на навивачката база и активности за општествена одговорност

Прегледи:

Датум:

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, се приклучи на нов кошаркарски проект – Максима Рома. Како што објави клубот, Тоти ќе биде советник на сопственикот и претседателот на клубот, како и делегат задолжен за развој на навивачката база и активности за општествена одговорност.

„Рим отсекогаш гледал надвор од своите граници. Денес започнува ново поглавје со некој што отсекогаш го носел овој град во своето срце. Франческо Тоти се приклучува на проектот Максима Рома“, се вели во соопштението.

Тоти, кој целата своја професионална фудбалска кариера ја помина во Рома, рече дека сака нова мотивација.

„Сакав нова мотивација и почувствував потреба да прифатам нов предизвик. Улогата, а пред сè проектот што ми беше презентиран, веднаш ме убеди. Многу сум среќен што сум активен дел од овој проект и сум благодарен на клубот за довербата што ми ја дадоа“, рече Тоти.

„Принцот од Рим“ нагласи дека амбициите се високи и дека клубот сака да стане водечка организација во италијанската кошарка

„Првата цел ќе биде да се изгради солидна група, да се зајакне тимот и да се создадат сите услови за да стане водечка организација во италијанската кошарка. Потоа ќе гледаме кон Европа и пошироко“, додаде Тоти.

Рома сака да почне да се натпреварува во италијанската ЛБА лига, а долгорочната амбиција на клубот е да се појави во Евролигата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...