Единствено ФК Вардар ги има редовно исплатено сите плати, тврди Неделковски

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека единствено ФК Вардар ги има редовно исплатено сите плати. Според него, сите други клубови должеле по најмалку две плати.

Прегледи:

Датум:

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека единствено ФК Вардар ги има редовно исплатено сите плати. Според него, сите други клубови должеле по најмалку две плати.

„Единствено ФК Вардар ја заврши 2025-та година со позитива. Според завршната сметка, остварена е добивка од 700.000 евра. Сите други клубови 2025 ја завршија со загуба. Единствено ФК Вардар зимоска оствари финансиска добивка од фудбалер кој си замина. Сите други клубови – не. Единствено ФК Вардар има валидни официјални потпишани договори со сериозни спонзори (домашни и странски) и сите пари проаѓаат низ платниот промет на државата. Кај сите други не е така. Единствено ФК Вардар не зема пари од општините. На Најголемиот дел од клубовите основниот приход им се токму парите од советите на општините“, пишува Неделковски.

Претходно информациите кои доаѓаат од извори блиски до тимот велат дека само аргентинските фудбалери ја добиле навремено платата во тимот, и поради тоа се подготвува штрајк.

Фудбалерите дури не сакале да излезат на терен поради ситуацијата, но тренерот Гоце Седлоски успеал некако да ги убеди да не ги бојкотираат мелчевите од ПМФЛ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...