Добар почеток на Аталанта во Конференциската лига, откако го совлада Пафос со 3:1 на „Њу Баланс арена“.
Аталанта го реши натпреварот уште во првото полувреме: македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас постигна гол по само една минута игра, по одличната асистенција на Распадори. Потоа Распадори зголеми на 2:0 од пенал во 18. минута, пред да го напушти теренот поради повреда. Скамaка го постигна третиот гол во 44. минута, по асистенција на Де Кетеларе.
Во второто полувреме, италијанскиот тим ја контролираше играта без поголеми проблеми и во неколку наврати беше блиску до четврти гол. За кипарскиот тим единствениот погодок го постигна Биел во самиот финиш.
По мечот Елмас беше потсетен на голот против Спартак Москва, кога играше за Наполи, постигнат по само 13 секунди. Синоќа му требаа една минута и 20 секунди…
#FridayFeeling offered by Eljif & Nico 🫸🫷 https://t.co/t72inyyDH1
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) October 16, 2026
„Да, да, навистина добро се сеќавам. Тоа беше акција што ја имавме извежбано во Наполи со тренерот Спалети. Но, денеска се отвори одлична можност и постигнав гол. Среќен сум што се случи толку брзо.“, вели тој, цитран од ТутоМеркато веб.
Кога ќе постигнеш гол толку брзо, според него, „потоа сè ќе биде многу полесно“.
„Сепак, имавме голема почит кон Пафос, бидејќи станува збор за одличен тим. Знаевме дека минатата година играа во Лигата на шампионите и затоа тргнавме силно од самиот почеток. Знаевме дека ќе биде тешко ако не постигневме гол веднаш.“, изјави тој.
Изрази и жалење за повредата на Распадори и надеж ќе може да се врати што е можно поскоро
„Не знам што да кажам за тоа. И двајцата постигнавме голови и среќни сме, но најважно е што ги освоивме трите бода и добро ја започнавме Конференциската лига.“
Во однос на проценките дека Аталанта е меѓу фаворитите во ова натпреварување, Елмас изрази резерви.
„Ќе видиме. Се игра секоја недела и не е лесно, но мораме да размислуваме натпревар по натпревар. Секако дека тоа е наша цел, но ќе одиме чекор по чекор.“


