Емери најбрзо до „100-ка“ на чело на Вила, има најдобар процент на победи во историјата на клубот

Астон Вила го победи Лил на „Пјер Моро“ (1:0) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа на УЕФА, а тоа беше и јубилејна 100-тапобеда на тренерот Унаи Емери на клупата на тимот од Бирмингем.

Прегледи:

Датум:

Астон Вила го победи Лил на „Пјер Моро“ (1:0) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа на УЕФА, а тоа беше и јубилејна 100-тапобеда на тренерот Унаи Емери на клупата на тимот од Бирмингем.

Шпанецот стигна до „стотката“ на 181 натпревар од октомври 2022 година, а во истиот период само Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити и Микел Артета, како шеф на Арсенал, имаат постигнато повеќе победи. Гвардиола имаше 137 победи на 207 натпревари за три години и четири месеци, а Артета 118 на 188 натпревари.

Емери има најдобар процент на победи во историјата на клубот и тој е 55,2 проценти. 100-те победи на Шпанецот од 181 натпревар остануваат во сенка само на најуспешниот менаџер во историјата на клубот – Рон Сондерс. Тој ги предводеше „виолетовите“ од старата втора лига, двапати го освои Лига купот, му ја донесе на клубот првата титула во првата лига по 71 година во сезоната 1980/81 и беше на чело на почетокот на незаборавната сезона 1981/82 што заврши со победа во Лигата на шампионите.

Во историјата на Астон Вила, Емери е менаџерот кој стигна до „стотката“ најбрзо, за само три години и четири месеци. Џо Мерсер (1958-64) ја забележа својата 100-та победа по четири и пол години (иако тогаш имаше многу помалку натпревари).

„Ние го почитуваме секое натпреварување, знаеме колку е тешка УЕФА Лигата на Европа и колку е комплицирано да се постигне победа на гостински терен. Видовте колку се мачеа англиските клубови во првите натпревари од осминафиналето, особено во Лигата на шампионите. Го добивме само првото полувреме, ќе биде потешко на Вила Парк“, рече Емери.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...