ФА Куп: Сити против Ливерпул во четвртфиналето, Арсенал и Челси имаа среќа

Големо дерби претстои во следната рунда од турнирот ФА Куп

Прегледи:

Датум:

Големо дерби претстои во следната рунда од турнирот ФА Куп. Во спорот за место во завршната четворка на престижниот турнир на Островот, ќе играат екипите на Манчестер Сити и Ливерпул.

Ова беше одредено со ждрепката, која беше извлечена пред последниот натпревар од осминафиналето помеѓу Вест Хем и Брентфорд.

Челси и Арсенал имаа среќа, бидејќи „сините“ се домаќини на третолигашот Порт Вејл, додека „топџиите“ ќе се соочат со второлигашот Саутемптон.

Лидс ќе патува во Лондон за да игра или против Вест Хем или против Брентфорд, чиј натпревар се игра во моментов.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...