Шкендија се закани дека ќе престане да инвестира во земјава поради третманот од судиите, ФФМ ги нарече „арогантни“

„Ароганцијата во управувањето со клубот и постојаниот „поглед од горе“ кон сите други во лигата не водат кон успех, туку кон сосема спротивното. Кога веќе најавуваат дека ќе се обратат до УЕФА, слободно“.

Прегледи:

Датум:

„Ароганцијата во управувањето со клубот и постојаниот „поглед од горе“ кон сите други во лигата не водат кон успех, туку кон сосема спротивното. Кога веќе најавуваат дека ќе се обратат до УЕФА, слободно. Ќе помогнеме и во таа намера и ќе ја доставиме целата статистика и видео анализа од натпреварите на Шкендија, па нека се види колку навистина е „оштетен“ клубот од Тетово“, реагираа вчера од Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) на реакцијата на тетовскиот клуб на судењето на мечот против Брера.

Оваа сезона, според Федерацијата, во Прва МФЛ клубот од Тетово е статистички еден од најзаштитените, без практично ниту една сериозна судиска грешка на нивните натпревари.

„По ремито со Брера, повторно се бара алиби. Истите тие судии, кои наводно се проблем денес, „дозволија“ Шкендија да победи во последната минута во Кратово пред десетина дена, како и против Вардар минатото коло. Но тогаш, очигледно, сè било во ред.

Интересно е и што од Тетово немаше ниту збор реакција кога на нивниот стадион судиите беа гаѓани со скалпел и погодени со метални пари и запалки. Тогаш, очигледно, немаше потреба од соопштенија и загриженост за судиската заштита.

Ова раководство на ФФМ нема намера да подлегнува на вакви обиди за притисок, ниту на соопштенија кои се појавуваат секогаш кога некој ќе загуби бодови. Таквите методи одамна се прочитани во македонскиот фудбал и нема да променат ништо“, стои, меѓу другото, во реакцијата на ФФМ.

Фото: Фејсбук/ФК Шкендија

Шкендија синоќа порача дека скандалозните одлуки на судиите, кои постојано го фаворизираат Вардар, сериозно го нарушуваат интегритетот на натпреварувањето и создаваат опасна перцепција за начинот на кој Фудбалската федерација на Македонија го администрира она што треба да се нарече „елитно првенство“.

„КФ „Шкендија“ досега молчеше, но денес е јасно дека ова наше молчење е протолкувано како слабост.

Поради настани кои се повторуваат, принудени сме да го кренеме гласот и да кажеме едно многу јасно! Инвестициите во КФ „Шкендија“ не се пари на општината, ниту на државата. Тие се приватни инвестиции, тие се наши напори и жртви за изградба на сериозен клуб кој, надвор од градот, ја претставува и земјата на меѓународни натпреварувања. Токму таму каде што, со нашите инвестиции и успеси на теренот, каде што ни беше дозволено слободно да играме под еднакви услови со другите, покрај клубот, донесовме бројни придобивки за локалната лига, клубовите и земјата.

Доколку продолжи овој нееднаков пристап кон натпреварувањето, со скандалозни референци ќе бидеме принудени сериозно да го доведеме во прашање продолжувањето на нашите инвестиции во оваа средина. Во исто време, ќе ги информираме меѓународните институции, вклучително и УЕФА, за сите настани, текот и развојот на нашето првенство.

Фудбалот треба да се игра на теренот, а не на маса. Шкендија не бара ништо повеќе од тоа!“, стои во нивното соопштение.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...