Стојановска пред мечот со Данска: Да им покажеме на младите како се бори и се сака репрезентацијата

Најдобрите македонски кошаркари од вчера се во Копенхаген, каде утре вечер од 18.30 часот против селекцијата на Данска ќе го одиграат четврттиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.

Прегледи:

Датум:

Најдобрите македонски кошаркари од вчера се во Копенхаген, каде утре вечер од 18.30 часот против селекцијата на Данска ќе го одиграат четврттиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.

Во претходниот меч, нашата женска сениорска репрезентација стигна до победа на свој терен во СРЦ „Кале“ со 79:78.

Во нашата селекција ќе недостасуваат неколку важни кошаркарки, пред се, доскорешниот капитен Анџелика Митрашиновиќ, која се повлече од активното играње на кошарка.

Се очекува капитенската лента да ја преземе најискусната во овој состав, Александра Стојановска.

„Во моментов се случува голема промена во националниот тим. Доаѓаат доста млади играчи, промената во играчкиот ростер е доста голема. Имаме т.н. „пензионирање“ на нашиот најдобар играч, Анџелика Митрашиновиќ, што драстично ја менува улогата на плејмејкерот во тимот. Оттука, нашите очекувања се тие, да бидеме сите тука. Како екипа да го дадеме максимумот како и секогаш, и да им покажеме на тие млади играчи како се бори и како се сака репрезентацијата. Дали ќе успееме да оствариме победа, останува да видиме“, изјави Стојановска, цитирана од КФСМ.

Македонија, според неа, има доста талентирани млади играчи кои се сеуште во фаза на раст, на развој.

„Јас лично верувам во нив. И верувам дека може да изненадат и да покажат, евентуално, што знаат, што можат, бидејќи ова за нив е голема шанса“, додаде Стојановска.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...