Флик: Рашфорд останува во Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, му даде зелено светло на одборот на клубот за откуп на договорот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, му даде зелено светло на одборот на клубот за откуп на договорот на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Германскиот стручњак му кажа на одборот на клубот дека смета на Рашфорд и сака да го задржи следната сезона.

Ова значи дека каталонскиот клуб ќе ја активира откупната клаузула, која бара на англискиот клуб да му бидат платени 30 милиони евра отштета.

Самиот играч веќе се согласи да ги намали личните приходи за да се вклопи во финансиската структура на клубот.

Рашфорд пристигна во Барселона минатото лето како позајмен од Манчестер Јунајтед и остави одличен впечаток.

Тој одигра над 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна 14 гола.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...