Манчестер Јунајтед им забранил на своите играчи да зборуваат со медиумите по ремито 1-1 со Лидс на „Еланд Роуд“, објави „Мирор“.
Според информациите, немало официјална наредба од прес-службата за избегнување на пишаните медиуми, но играчите на Јунајтед генерално ретко застануваат на разговори во мешаната зона освен ако не се придружени од службено лице на клубот.
По натпреварот со тимот од Јоркшир, единствениот играч на „црвените ѓаволи“ кој даде интервју на своите телевизиски партнери беше Хари Магваер, кој разговараше со клупскиот канал.
Одлуката дојде по скандалот со Лисандро Мартинез, кој минатата недела јавно го критикуваше раководството на клубот и спортскиот директор Џејсон Вилкокс по поразот од 0-2 од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
По натпреварот со Лидс, Матеуш Куња и Бруно Фернандеш им објаснија на новинарите дека не им е дозволено да зборуваат со нив. На бразилскиот напаѓач му пристапил сонародник во просторијата за интервјуа, но претставник за медиуми на Јунајтед интервенирал и станало јасно дека нема да има интервју.
Капитенот Фернандеш, исто така, одби да зборува, објаснувајќи им на новинарите што чекаа: „Не можам да зборувам, не ми е дозволено“.


