Фудбалерите на Шкендија не го слушнале повикот за церемонијата на доделување медали

„Клубот побара дополнително време од организаторите со цел екипата да ја смири ситуацијата и да се врати на теренот за официјалната церемонија“

Прегледи:

Датум:

„По завршувањето на натпреварот, нашите фудбалери се упатија кон навивачите за да им се заблагодарат за поддршката во текот на 90-те минути и истовремено да побараат извинување за разочарувањето предизвикано од денешниот пораз. Секако, по исходот од финалето, навивачите со право беа разочарани, па задржувањето покрај трибината траеше подолго од предвиденото. Фудбалерите останаа неколку минути покрај трибината комуницирајќи со навивачите и не сакајќи несоодветно да се оддалечат од тој дел на стадионот“, стои во реакцијата на Шкендија откако вчера одбија да ги земат сребрените медали по поразот во Купот на Македонија.

Поради емоциите, бучавата на стадионот и ситуацијата што се создаде во тие моменти, фудбалерите не го слушнале повикот за церемонијата на доделување медали. Клубот побара дополнително време од организаторите со цел екипата да ја смири ситуацијата и да се врати на теренот за официјалната церемонија.

Фудбалерите потоа се вратија кон теренот, додека во тие моменти беше во тек церемонијата на доделување медали за фудбалерите на Силекс. Дел од нашите фудбалери се упатија кон соблекувалната за да облечат дресови или спортска опрема, бидејќи некои од нив останаа без дресови откако веднаш по натпреварот им ги подарија на навивачите.

Јасно нагласуваме дека во ниту еден момент Шкендија не одби да ги прими медалите, ниту пак имаше намера да покаже непочитување кон организаторот или противничката екипа. Доказ за тоа е фактот што претставниците на нашиот тим, вклучувајќи ги Бесарт Ибраими, Арбин Зејнулаи и Мевлан Мурати, комуницираа со организаторите и воедно им го честитаа триумфот во финалето на фудбалерите на Силекс.

Целата ситуација беше последица на недоразбирање и технички пропуст во емоционалните моменти по натпреварот, а не одлука или намерен потег од страна на клубот или нашите фудбалери“, велат од Шкендија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...