Фудбалерот чиј прст беше „откинат“ на „Енфилд“: „Не ми е практично во тоалет, а не ми оди и на PlayStation“

Холандскиот фудбалер Ноа Ланг неодамна доживеа несреќа за време на натпреварот на Галатасарај против Ливерпул во Лигата на шампионите, бидејќи LED реклама му откина дел од прстот.

Прегледи:

Датум:

Холандскиот фудбалер Ноа Ланг неодамна доживеа несреќа за време на натпреварот на Галатасарај против Ливерпул во Лигата на шампионите, бидејќи LED реклама му откина дел од прстот.

Ланг одеднаш почна да се превртува на земја по контактот со рекламите и никој не можеше да разбере за што станува збор, но набрзо сè стана јасно.

Сега Ланг проговори за прв пат по овој инцидент и се пошегува дека сега има проблеми со одењето во тоалет затоа што тоа е прст на десната рака. Покрај тоа, не му е практично да игра видео игри.

„Јас сум деснак. Не ми е многу практично во тоалет, туширање и слично, а играњето PlayStation не ми функционира баш, но тоа е. Сè уште е добро прицврстено“, рече Ланг.

Ланг беше опериран веднаш по натпреварот и сега е повторно на тренинг, и ќе мора да се навикне на живот без палецот на десната рака.

За потсетување, на гореспоменатиот натпревар на „Енфилд“, Ливерпул славеше со 4:0 против Галатасарај, со што направи пресврт откако го загуби првиот натпревар со 1:0.

Ланг мораше да го напушти теренот на полувремето од натпреварот во Англија поради повредата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...