Футсал репрезентацијата обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство

По триумфот од 6:3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство.

Прегледи:

Датум:

По триумфот од 6:3 во дуелот против Турција, футсал репрезентацијата на Македонија обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство.

Македонските репрезентативци одлично го отворија натпреварот и на половина од првото полувреме имаа предност од 3:0.

Избраниците на селекторот Газменд Хисејини првиот гол го постигнаа по само 91 секунда од играта, а стрелец беше Таулант Исмаили. Во деветтата минута Тони Киревски зголеми на 2:0, а во 12-тата, Бурак Угурлу ја погоди сопствената мрежа за водство на Македонија од 3:0.

Во 18. минута Умур Агир намали на 3:1, а само две минути подоцна Марио Благоевски се запиша меѓу стрелците за предност од 4:1.

По убедливото водство следуваше опуштање во нашите редови, а тоа го искористи противникот и за само дваесетина секунди преку Бурак Угурлу постигнаа два гола и намалија на 4:3.

Но, тоа беше сигнал македонските репрезентативци повторно да заиграат на највисоко ниво што резултираше со нови два погодоци за убедлива победа.

Во 33. минута, Јакуп Рамадан зголеми на 5:3, а на минута и пол пред крајот на мечот, нов погодок на Киревски за конечни 6:3 и сигурен пласман во вториот круг од квалификациите за Светскиот куп.

Во последното коло противник ни е домаќинот на турнирот Литванија и за освојување на првото место потребен ни е најмалку нерешен резултат.

Натпреварот се игра в недела со почеток во 16 часот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...