Галатасарај го „краде“ Силва од Јувентус?

Бернардо Силва полека ги разгледува своите опции за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а Галатасарај се вмеша во трката за неговиот потпис

Прегледи:

Датум:

Бернардо Силва полека ги разгледува своите опции за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а Галатасарај се вмеша во трката за неговиот потпис.

Главен кандидат за доведување на Португалецот е Јувентус, меѓутоа, сега турскиот шампион влезе во приказната и се заканува да ги наруши плановите на Италијанците.

Според „Фанатик“, агентот на Силва ќе отпатува во Истанбул на состанок со челниците на Галатасарај и на маса ќе има многу попрофитабилна понуда од „Старата дама“.

Се додава и дека искусниот играч за врска чекал конкретен повик од Барселона, бидејќи бил заинтересиран да ја продолжи кариерата таму, но бидејќи тоа не се случило, и сè е само приказна, сега ќе избира помеѓу Јувентус и Галатасарај.

Турците му нудат да игра во Лигата на шампионите и многу интересен проект, предводен од Осимен, додека Италијанците сè уште не обезбедиле играње во најелитното клупско натпреварување.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...