Срушен рекордот на Ѓоковиќ: Синер со 32-ра последователна победа на Мастерс турнирите

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Андреј Рубљов со 6:2, 6:4 во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим и стигна до својата 32-ра последователна победа на турнирите од серијата 1.000

Прегледи:

Датум:

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Андреј Рубљов со 6:2, 6:4 во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Рим и стигна до својата 32-ра последователна победа на турнирите од серијата 1.000.

Со тоа, Италијанецот го собори рекордот на Новак Ѓоковиќ за бројот на последователни триумфи на Мастерс турнирите.

Последниот пораз на Синер на Мастерс турнирите беше во Шангај минатата година против Талон Грикспо.

Следеше импресивна серија победи, во која загуби само два сета.

Ривал на Синер во полуфиналето на Рим ќе биде подобриот од дуелот Медведев – Ландалуза.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...