Гласнер: Да го завршиме ова патување со прв европски трофеј за Кристал Палас

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, сака да го напушти клубот со трофеј. Австриецот има шанса да ги предводи Лондончани до трофејот во Конференциската лига, а „Орлите“ ќе се соочат со Рајо Ваљекано во финалето во Лајпциг во среда.

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, сака да го напушти клубот со трофеј. Австриецот има шанса да ги предводи Лондончани до трофејот во Конференциската лига, а „Орлите“ ќе се соочат со Рајо Ваљекано во финалето во Лајпциг во среда.

„Ќе чувствував целосен неуспех ако тимот испаднеше, откако објавив дека си заминувам. Им кажав на играчите во тоа време дека не мора да играат за менаџерот. Тие секогаш треба да играат за себе, за тимот, за навивачите, но и за клубот. Ако го освоиме трофејот, сите играчи што ќе останат тука во клубот ќе имаат корист од тоа. Навивачите ќе бидат исклучително среќни и ќе има европски фудбал следната година. Тоа би бил совршен крај на мојата кариера тука. Кога гледате филм, кога читате книга, секогаш се надевате дека има среќен крај. Да се ​​заврши ова патување од повеќе од две години со уште еден трофеј, со првиот европски трофеј во историјата на Кристал Палас, тоа би било навистина неверојатно“, изјави Гласнер за официјалната веб-страница на УЕФА.

51-годишниот стручњак си заминува од Кристал Палас на крајот од сезоната, а тоа го објави уште во јануари.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...