Хрватскиот селектор го објави конечниот список на играчи за СП

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го објави конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.

Прегледи:

Датум:

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го објави конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.

Менаџерот на тимот на репрезентацијата, Ива Оливари, до ФИФА го достави конечниот список на играчи избрани од селекторот Златко Далиќ.

Списокот остана целосно идентичен со оној што Далиќ го презентираше на јавноста на прес-конференцијата на 20 мај.

На Светското првенство, Хрватска ќе игра во групата Л со Англија, Панама и Гана.

Листата ги вклучува:

Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Ивор Пандур

Одбрана: Јошко Гвардиол, Дује Ќалета-Цар, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Марин Понграчиќ, Кристијан Јакиќ, Мартин Ерлиќ, Лука Вушковиќ

Среден ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашиќ, Лука Сучиќ, Мартин Батурина, Петар Сучиќ, Никола Моро, Тони Фрук

Напад: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса, Игор Мартиновиќ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...