Инфантино ги брани лудите цени на билетите за Светското првенство

Според првиот човек на светскиот фудбал, тие морале да се придржуваат кон американските закони кои дозволуваат препродажба на билети по значително повисоки цени од оригиналната цена

Прегледи:

Датум:

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги бранеше цените на билетите за Светското првенство оваа година во САД, Канада и Мексико.

Според првиот човек на светскиот фудбал, тие морале да се придржуваат кон американските закони кои дозволуваат препродажба на билети по значително повисоки цени од оригиналната цена.

ФИФА се соочува со критики од многу страни поради ова прашање, а неодамна се појавија четири билети за јулското финале во Њујорк Сити во вредност од речиси 2,3 милиони долари.

„Пред се, тој билет ја нема таа цена ако се појавеше на секундарниот пазар на билети. Сепак, ако некој купи билет за оваа сума, јас лично ќе му донесам хот-дог и Кока-Кола, за да има одлично искуство. Само треба да го погледнете пазарот, го цитираше АФП Инфантино.

Многумина укажуваат на значително зголемување во споредба со претходното Светско првенство во 2022 година во Катар. За финалниот натпревар, најскапиот билет чинеше приближно 1.600 долари, додека сега е околу 11.000 долари. Според Инфантино, ФИФА добила 500 милиони барања за билети.

– За професионален натпревар од одредено ниво во САД не можете да пројдете под 300 долари. Ова е Светско првенство – додаде претседателот на ФИФА.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...