Интер со голем пресврт против Наполи, Лаутаро го реши дуелот

Фудбалерите на Интер го победија Наполи во драматично дерби на домашен терен со 3:2, во третото коло од Серија А. Интересно е што сите пет гола беа видени во второто полувреме.

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Интер го победија Наполи во драматично дерби на домашен терен со 3:2, во третото коло од Серија А. Интересно е што сите пет гола беа видени во второто полувреме.

Наполи постигна два гола за само три минути – Матео Политано во 50-тата минута, а Хојлунд со одличен удар од работ на шеснаесетникот донесе, како што изгледаше, голема предност за гостите.

Лаутаро Мартинез ја врати неизвесноста во 56-тата минута, а потоа следеа жестоки напади на Интер.

Наградата дојде во 82-та минута кога Турам со глава го погоди голот и го израмни резултатот на 2:2. Во следните неколку минути, двете страни пропуштија добри шанси, а потоа натпреварот беше решен во првата минута од судиското продолжение. Мартинез испрати удар од неколку метри под пречката за конечни 3:2.

Интер е прв на табелата со девет бода, додека Наполи е на 13-то место со три бода.

Во следното коло, Интер ќе го пречека Удинезе, додека Наполи ќе биде домаќин на Болоња.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...