📸Извлечени двојките за осминафиналето на Лигата на шампионите: Реал и Сити во ново европско „класико“

Прегледи:

Датум:

Паровите од осминафиналето на Лигата на шампионите беа извлечени во Нион, Швајцарија, а целиот распоред до крајот на натпреварувањето веќе е познат, односно кој со кого ќе се вкрсти до самото финале.

Легендарниот хрватски фудбалер Иван Ракитиќ ги извлече паровите, а интересно е што Англија стигна до осминафиналето на Лигата на шампионите со рекордни шест екипи, што зборува за доминацијата на Премиер лигата над другите лиги.

Апсолутното дерби ќе го играат Манчестер Сити и Реал Мадрид, екипи чии дуели станаа редовни во последните години во Лигата на шампионите.

Парови од осминафиналето:

Манчестер Сити – Реал Мадрид
Бодо Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галатасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн
Леверкузен – Арсенал

Распоредот до крајот на натпреварувањето покажува дека Арсенал „се снајде“ најдобро. По Леверкузен во осминафиналето, Арсенал ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Бодо Глимт и Спортинг Лисабон, па „топџиите“ не би требало да имаат проблем да се пласираат во полуфиналето.

Принтскрин/УЕФА ТВ

Првите натпревари од осминафиналето ќе се играат на 10 и 11 март, а реваншите една недела подоцна. УЕФА ќе ги објави датумите на секој натпревар подоцна, но тоа сè уште не е утврдено.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...