Извршниот директор на Баерн шокиран од УЕФА по испаѓањето: „Зачудувачка одлука“

Жоао Пињеиро е име кое долго ќе се памети во Минхен. Португалскиот судија не се прослави во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и ПСЖ, а домашните не го криеја своето незадоволство по натпреварот.

Прегледи:

Датум:

Жоао Пињеиро е име кое долго ќе се памети во Минхен. Португалскиот судија не се прослави во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Баерн и ПСЖ, а домашните не го криеја своето незадоволство по натпреварот.

Баерн имаше голем број поплаки за судењето. Во Минхен веруваат дека требало да им биде досуден барем еден пенал, но и дека играчот на ПСЖ, Нуно Мендеш, требало да биде исклучен. На крајот, не добија ништо.

По тренерот и играчите на Баерн, за судењето се огласи и извршниот директор на клубот, Јан-Кристијан Дресен. Тој имаше јасна порака до УЕФА, која го делегираше Пињеиро за овој натпревар.

Дресен особено го истакна релативно малото искуство на португалскиот судија во натпревари од ова значење.

„Најмалку што можеме да кажеме е дека е зачудувачки што му дозволија на судија кој судел само 15 натпревари од Лигата на шампионите да суди ваков натпревар. Тоа веројатно објаснува зошто судел вака“, рече Дресен.

Пињеиро суди во Лигата на шампионите од сезоната 2022/23, а минатата сезона судеше само на првиот натпревар од нокаут-фазата на натпреварувањето, и тоа само еднаш. Реваншот во Минхен беше неговиот осми натпревар во Лигата на шампионите во сезоната, но по сè што се случи, јасно е дека неговото судење ќе се дебатира уште долго време.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...