Јамал: Го чекаме Хулијан Алварез со раширени раце

Светското првенство е во тек, а бучавата од преодниот рок се чини дека привремено стивна. Но, централната тема е сè уште потенцијалниот трансфер на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона.

Прегледи:

Датум:

Светското првенство е во тек, а бучавата од преодниот рок се чини дека привремено стивна. Но, централната тема е сè уште потенцијалниот трансфер на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона.

Сагата трае веќе долго време. Барселона наводно веќе ги договорила личните услови, Аргентинецот сака да оди на „Камп Ноу“, но Атлетико (засега) останува посветен на барањето да се исполни клаузулата од половина милијарда евра.

– Целиот свет знае каков играч е Хулијан. Сите едвај чекаат да играат со него. Го пречекуваме со раширени раце. Ќе бидеме многу среќни. Хулијан е совршен за стилот на Барселона – рече Јамал.

Сепак, во моментов, се чини дека реализацијата на договорот е многу далеку.

– Не знам каква е ситуацијата со договорот. Но, се надевам дека ќе ни се придружи, додаде бисерот на шпанскиот фудбал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...