Мајкл Карик е вистинскиот менаџер за Манчестер Јунајтед, барем според она што го гледаме на неговите натпрњвари и резултатите кои ги постигнува. „Црвените ѓаволи“ повторно освоија квота за Лигата на шампионите на УЕФА по две сезони пост, а поранешниот играч запиша 10 победи, две нерешени и само два порази во 14 натпревари, откако е единствениот што ги победи Манчестер Сити, Арсенал, Астон Вила, Челзи и вчера Ливерпул.
И сите гледаат дека Карик е можен наследник на Сер Алекс Фергусон, или тренер кој би можел да ја врати титулата на „Олд Трафорд“ на долг рок, освен сопствениците на клубот бидејќи тие сè уште бараат менаџер на пазарот!?
„Не станува збор за тоа што би сакал јас. Не е под моја контрола. Сè оди во вистинската насока, среќен сум каде што сме сега и сакам да биде подобро. Да видиме што ќе се случи. Не размислувам за договорот, туку само за следниот натпревар“, рече Мајкл Карик кога беше прашан дали ќе остане менаџер на Јунајтед.
Поранешниот напаѓач Дион Даблин изјави за BBC Sport дека нема сомнение дека Карик треба да остане:
„Победувањето на Ливерпул во секој дел од теренот, одлуките што ги донесе, промените што ги направи во тимот за време на натпреварот, сè зборува во корист на Карик. Тој го тера тимот да најде начин да постигне резултати, тоа е она што го прави еден вистински менаџер. Одлична работа Карик, одлична работа Јунајтед“.
На крајот на краиштата, раководството на Јунајтед е тоа кое се прашува. Тие беа во право што чекаа да го видат исходот од битката во Премиер лигата. Успехот е остварен, единствениот правилен потег е да му се верува на Мајкл Карик.


