„Ќе има збогување со некои играчи во последниот натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, вели Арбелоа

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, по победата на неговиот тим над Севиља со 1-0 во 37-то коло од шпанската лига откри дека последниот натпревар од сезоната против Атлетик Билбао ќе биде проштален натпревар за некои од играчите на Кралскиот клуб

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, по победата на неговиот тим над Севиља со 1-0 во 37-то коло од шпанската лига откри дека последниот натпревар од сезоната против Атлетик Билбао ќе биде проштален натпревар за некои од играчите на Кралскиот клуб.

Сумирајќи ги резултатите од оваа сезона, Арбелоа призна дека некои играчи ќе го носат дресот на Реал Мадрид за последен пат следната сабота.

„Ќе има збогување со некои играчи во последниот натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – рече Арбелоа на прес-конференција.

Иако не прецизираше за кои играчи станува збор, според извештаите на шпанските медиуми, тоа се ветераните Дани Карвахал и Давид Алаба.

Карвахал ги помина изминатите 13 сезони во Реал Мадрид, чиј сегашен капитен е, и во тој период одигра 450 натпревари, постигнувајќи 14 гола и асистенции. Што се однесува до трофеите, со „кралскиот клуб“ освои дури шест титули во Лигата на шампионите, четири пати беше шампион на Шпанија, а исто така освои и два Купа, пет европски Суперкупа и четири шпански Суперкупа.

Што се однесува до Алаба, тој ги помина последните пет години во Реал Мадрид и во тој период имаше 131 настап, постигнувајќи пет гола и девет асистенции. Сепак, се чини дека честите проблеми со повреди го спречија да го покаже својот целосен потенцијал во Мадрид.

Со шпанските гиганти, тој освои две титули во Лигата на шампионите и во Шпанското првенство, како и еден Куп, еден национален Суперкуп и еден европски Суперкуп.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...