Кејн: Играв голф со Трамп, беше уникатно искуство

Англискиот напаѓач Хари Кејн зборуваше за своето искуство од играњето голф со американскиот претседател Доналд Трамп. Самиот Трамп претходно ја спомена нивната средба

Прегледи:

Датум:

Англискиот напаѓач Хари Кејн зборуваше за своето искуство од играњето голф со американскиот претседател Доналд Трамп. Самиот Трамп претходно ја спомена нивната средба.

„Играв голф со Кејн, навистина уживав. Тој е одличен фудбалер, а игра и одличен голф“, откри шефот на американската држава.

„Искрено, играв добро. Беше пред околу 18 месеци. Ме покани да играм кога бев во Палм Бич“, потврди напаѓачот.

„Кога претседател ќе те покани некаде… Беше доста извонредно искуство да се сретнеш со него и да играм голф. Морам да кажам дека Доналд игра многу добро. Се надевам дека ќе можам да играм голф исто толку добро како него кога ќе стигнам до неговите години“, додаде Кејн.

„Беше уникатно искуство. Благодарен сум што ме покани да играм“, заклучи англискиот репрезентативец.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...