Клоп: Салах е еден од најголемите фудбалери на сите времиња

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, го опиша Мохамед Салах како еден од најголемите играчи на сите времиња

Прегледи:

Датум:

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, го опиша Мохамед Салах како еден од најголемите играчи на сите времиња. Германецот го потпиша Египќанецот од Рома во 2017 година за 34 милиони фунти, во она што се покажа како еден од најголемите трансфери досега. Салах моментално има 255 гола за „црвените“ и се очекува да го зголеми тој број до крајот на сезоната.

„Беше задоволство, беше предизвик, беше напорна работа од двете страни. Прилично сум сигурен дека имаше период во животот на Мо кога сонуваше да го постигне она што го постигна. Не можев да замислам дека она што го направи – неговата статистика, неговите перформанси – беше можно. Прилично сум сигурен дека некои од неговите достигнувања никогаш нема да се повторат.

Головите што ги постигна, конзистентноста што ја покажа, желбата и нетрпението што го покажа, стануваа сè поголеми и поголеми. Секоја година се враќаше по летната пауза со нова вештина, нова идеја.

Тој беше дел од најдобрата напаѓачка тројка во светскиот фудбал долго време – и тој беше оној кој секогаш имаше највисоки бројки, па тоа многу кажува. Не е лесно да се биде пред Мане и Фирмино. Садио можеше да игра и во средниот ред. Боби беше гениј. Но, Мо беше оној кој секогаш го имаше голот во својот ум. Не можеш да го тренираш тоа.

Затоа беше предизвик, бидејќи ако сакате да го ротирате, ако го извадите по 87 минути, можевте да видите поглед на неговиот лице на кое пишуваше „Можев да постигнам три гола во последните пет минути!“

Навистина се надевам дека ќе ужива во остатокот од сезоната и навистина се надевам дека во последниот натпревар сите ќе имате насмевка на лицето и само бидете среќни и благодарни што бевте дел од една од најневеројатните кариери во кои некогаш ќе бидеме дел. Една од најголемите на сите времиња, сигурно!“, рече Клоп.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...