Конате ќе потпише нов договор со Ливерпул, платата – „ситница“

Ибрахима Конате е подготвен да потпише нов договор со Ливерпул. Ова го тврди Дејвид Орнштајн од „Атлетик“

Прегледи:

Датум:

Ибрахима Конате е подготвен да потпише нов договор со Ливерпул. Ова го тврди Дејвид Орнштајн од „Атлетик“. Сегашниот договор на 26-годишниот француски интернационалец истекува на крајот од сезоната, а неговата иднина е неизвесна.

Сè уште нема договор помеѓу Ливерпул и играчот, но според Орнштајн, преговорите помеѓу двете страни одат во позитивна насока. Реал Мадрид беше заинтересиран за него, но сепак шпанските гиганти се свртеа кон други цели.

Тековниот договор на централниот дефанзивец истекува следното лето, а двете страни одамна преговараат за договор. Самиот Конате сакал клубот да го третира како еден од најдобрите играчи во тимот и затоа инсистира на плата слична на онаа што ја добиваат најплатените фудбалери на Ливерпул – Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.

Управата не е подготвена да му дозволи да го стори тоа. И покрај лошата форма на Конате од почетокот на сезоната, клубот сè уште го гледа како еден од најдобрите дефанзивци во Европа, поради што на крајот се согласиле да му дадат огромна плата – 400.000 фунти неделно!

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...