Официјално: Херојот на Шпанија ќе го носи дресот на ПСЖ

Херојот во победата на Шпанија во финалето на Светското првенство ова лето потпиша петгодишен договор со францускиот шампион, а од „Паркот на принцовите“ ќе платат 50 милиони евра за него

Прегледи:

Датум:

Пари Сен Жермен потпиша со Феран Торес од Барселона, објави клубот официјално. Херојот во победата на Шпанија во финалето на Светското првенство ова лето потпиша петгодишен договор со францускиот шампион, а од „Паркот на принцовите“ ќе платат 50 милиони евра за него.

Феран Торес ќе го добие дресот со број девет. Шпанскиот напаѓач пристигна во Париз вчера за да ги помине медицинските прегледи, а потоа го потпиша и личниот договор.

Тој е третото ново засилување на тимот, откако досега беа привлечени Лука Дињ и Манес Аклиус. Се очекува дека Парижаните за неколку дена ќе можат официјално да го потпишат и младиот талент на Ајакс, Мика Годс.

Доаѓањето на Феран Торес веројатно ќе го отвори патот за Бредли Баркола, кој се поврзуваше со трансфер во Ливерпул и Арсенал, да го напушти ПСЖ. Францускиот репрезентативец го загуби своето место во стартниот состав кај Парижаните во последно време и би претпочитал да се пресели во друг тим каде што ќе може редовно да игра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ЛН: Данска ја декласираше Португалија, Шведска и Норвешка славеа, Халанд продолжува да руши рекорди

Петтото коло во Лигата на нации донесе неколку изненадувања,...

🎥 Линекер за Покетино: Ако сè уште е таму за 18 месеци, ќе бидам изненаден

Повеќе од една деценија, Манчестер Јунајтед безуспешно бара наследник...

Ромарио кон Анчелоти по поразот од Јапонија: „Земи си ги работите и оди си“

Легендарниот бразилски напаѓач, сега сенатор, Ромарио побара Карло Анчелоти...

Нов тежок удар за кошаркарките: Македонија сè уште далеку од европското ниво

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го запиша и вториот...