Леао најави заминување од Милан: „Дадов сè што можев“

Португалскиот фудбалер Рафаел Леао најави заминување од Милан во летниот преоден рок. Леао е член на Милан од 2019 година, за кого одигра 291 натпревар во сите натпреварувања и постигна 80 гола.

Прегледи:

Датум:

Португалскиот фудбалер Рафаел Леао најави заминување од Милан во летниот преоден рок. Леао е член на Милан од 2019 година, за кого одигра 291 натпревар во сите натпреварувања и постигна 80 гола.

„Милан ми помогна да растам и ме поддржа во тешки моменти од мојата кариера, но сега чувствувам дека ми треба нешто ново“, изјави Леао за португалската телевизија.

Крилниот напаѓач ја заврши сезоната со десет гола и три асистенции во 31 натпревар во сите натпреварувања, што не беше доволно за Милан да се квалификува во Лигата на шампионите.

Јутјуб/Принтскрин/AC Milan

„Мислам дека му дадов на Милан сè што можев. Тоа е клуб кој многу ми помогна да растам, кој ме поддржа во тешки времиња. Среќен сум што можам да го напишам своето име во историјата на клубот. Сакам да се испробам во нов предизвик, во нова лига. Доколку тоа се случи, би бил многу среќен и задоволен бидејќи тоа би значело дека ја завршив својата работа најдобро што можам“, заклучи Леао.

Италијанските медиуми во последните денови пишуваа дека шпански, англиски и саудиски клубови се заинтересирани за услугите на Португалецот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...

Месина: Не можам да замислам дека НБА сака да ја колонизира Евролигата

Легендарниот тренер, Еторе Месина разговараше со италијанскиот весник „Газета...