На Фергусон му се слоши пред почетокот на натпреварот на Олд Трафорд

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед по прегледот е пуштен дома

Прегледи:

Датум:

На легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, 84-годишниот Сер Алекс Фергусон, му се слоши пред денешното дерби против Ливерпул. Тој го напушти Олд Трафорд пред почетокот на натпреварот, објави британски Сан.

Фергусон беше на стадионот пред натпреварот од Премиер лигата, а пред судијата да означи почеток на натпреварот, тој се пожали на здравствени проблеми. Медицинскиот персонал му укажа прва помош, по што беше однесен со амбулантно возило на преглед.

Извор за „Сан“ изјави дека Фергусон седел во амбулантното возило и дека е добро. По прегледот, легендарниот шкотски тренер се упатил кон дома. Манчестер Јунајтед одби да коментира за настанот.

Фергусон редовно ги гледа домашните натпревари на Манчестер Јунајтед од трибините и има свое место во директорската ложа на „Олд Трафорд“.

Работеше 12 години како амбасадор на клубот, откако се пензионираше од тренерската позиција во 2013 година. Сепак, неговиот договор од два милиони фунти годишно лани беше раскинат од новиот ко-сопственик Сер Џим Ратклиф.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...