Претстојниот натпревар од Лига 1 помеѓу шампионите Пари Сен Жермен и Лион во недела веројатно ќе биде одложен, јавуваат локалните медиуми.
Причината за ова се тековните немири низ Франција, а особено во главниот град Париз. Според „Екип“, постои опција натпреварот да се помести за 24 часа до понеделник, но за тоа сè уште се дискутира.
Во Франција се подготвуваат нови масовни протести за овој викенд, но полицијата веќе изјави дека има многу посериозна подготвеност и специјално развиен план за справување со нив.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и Лион е еден од најризичните во Франција, а во исто време има и други големи спортски настани закажани за викендот во Париз. Еден од нив е натпреварот во американски фудбал помеѓу Питсбург Стилерс и Њу Орлеанс Сеинтс, кој треба да се одржи на „Стад де Франс“.
Француската Лига 1 веќе направи една промена за претстојното 8-мо коло. Таа беше поврзана со натпреварот помеѓу Тулуз и Троа, кој беше поместен од сабота во недела.


