Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, ќе продолжи да го води тимот до 2030 година. Според новинарот Сезар Луис Мерло, Аргентинската фудбалска асоцијација веќе постигнала усмен договор со селекторот за обновување на неговиот договор.
Тековниот договор на 48-годишниот тренер истекува во декември оваа година.
🚨 BREAKING: LIONEL SCALONI TO RENEW HIS CONTRACT WITH ARGENTINA UNTIL 2030. @CLMerlo @fczyz 🟢🟢🟢 https://t.co/VIZqyO1Rz9
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) October 21, 2026
Скалони ја презеде функцијата на чело на репрезентацијата во 2018 година. Под негово водство, „албиселесте“ ја освоија светската титула во 2022 година и освоија две изданија на Копа Америка – во 2021 и 2024 година.
На Светското првенство во 2026 година, аргентинската репрезентација стигна до финалето, каде што загуби од Шпанија со 0:1.


