Навивачите на Атлетико Мадрид му скандираа „кучкин син“ на Алварез

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој сака да си замине, беше навредуван од некои од навивачите на клубот за време на вчерашниот натпревар од Ла Лига против Малага

Прегледи:

Датум:

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој сака да си замине, беше навредуван од некои од навивачите на клубот за време на вчерашниот натпревар од Ла Лига против Малага.

Аргентинецот дури и не беше во групата, но навивачите од одредени сектори го изразија своето незадоволство од него.

Се слушаа скандирања „Алварез, кучкин син“, придружени со исвиркувања упатени кон фудбалерот.

Кога беше прашан за ова по натпреварот, тренерот Диего Симеоне одговори вака: „Имам најголема почит кон нашите луѓе“.

Како што е познато, „пајакот“ сакаше трансфер во Барселона, но Атлетико во моментов одбива да го стори тоа.

Инаку, објаснувањето на Чоло за отсуството на напаѓачот од составот е дека тој заостанува со подготовките.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дортмунд го продолжи договорот со Ковач до 2029 година

Борусија Дортмунд го продолжи договорот со тренерот Нико Ковач...

Јувентус не се откажува: Случајот против Роналдо оди на Врховен суд

Правниот спор меѓу Јувентус и Кристијано Роналдо за неисплатените...

Пет години саудиски Њукасл: 1,3 милијарди евра во потписи, милиони загуби и стадион продаден сам на себе

Поминаа пет години откако Саудијците го купија Њукасл. Во...

НАСКАР ќе состави 80 тркачки автомобили за продолжение на култен филм

Извршниот директор на НАСКАР, Стив О'Донел, откри големи планови...