Нема договор: Бензема го напушта Ал-Итихад, познато кај ќе ја продолжи кариерата

Прегледи:

Датум:

Легендарниот напаѓач Карим Бензема, според сите извештаи, ќе го напушти Ал-Итихад по две и пол години и ќе ја продолжи кариерата во редовите на лигашкиот ривал Ал-Хилал.

Французинот пристигна во Саудиска Арабија во летото 2023 година, но неговиот престој во Ал-Итихад завршува пред истекот на неговиот договор поради неуспешни преговори за продолжување на соработката, пишува Yahoo Sports.

Трансферот го потврди и италијанскиот инсајдер Николо Шира.

Договорот на Бензема со Ал-Итихад истекува на крајот од оваа сезона, а во последните недели се зборуваше за негово продолжување. Сепак, преговорите не вродија со плод бидејќи искусниот напаѓач беше незадоволен од понудените услови.

Според Diario AS, одлуката за заминување е донесена за Ал-Итихад да може да заштеди на исплата на платите за преостанатите месеци од договорот. Се очекува Бензема да се приклучи на својот нов клуб во наредните часови.

Новиот клуб на Бензема ќе биде Ал-Хилал, уште еден гигант во Саудиската професионална лига. Ал-Хилал е во потрага по напаѓач бидејќи се подготвува да го испрати Маркос Леонардо на позајмица во Атлетико Мадрид, а се очекува Бензема да го пополни неговото место.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/Saudi Pro League

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Монфис се пензионирал предвреме поради шокот од разводот

Ако целиот свет беше шокиран од веста за разводот...

🎬 Хонда го објави името на тимскиот колега на Фабио Куартараро

МотоГП тимот на Хонда официјално објави дека Диого Мореира...

Перез за дебитантската сезона во Кадилак: Една од моите најсилни години

Ако требаше да судиме само според сувата статистика од...

Шокантен отказ во Милвоки!

Милвоки Бакс го отпуштија Кевин Портер Џуниор пред почетокот...