Ништо од отказот: Тудор ќе го предводи Тотенхем против Ливерпул

Игор Тудор ќе ја одржи вообичаената прес-конференција за сите менаџери од Премиер лигата пред натпреварот што претстои викендот

Прегледи:

Датум:

Игор Тудор ќе ја одржи вообичаената прес-конференција за сите менаџери од Премиер лигата пред натпреварот што претстои викендот. „Скај Спортс“ и „Дејли Мирор“ објавија дека клубот им потврдил дека Хрватот ќе зборува во петок пред посетата на Тотенхем на Ливерпул во недела.

Ова значи дека Тудор нема да биде отпуштен пред натпреварот на „Енфилд“.

„Скај“ додава дека извршниот директор на „Спарс“, Винај Венкатешам, моментално е во базата на клубот, па затоа не се очекуваат радикални одлуки во врска со менаџерската функција.

Тотенхем загуби четири и прими 14 гола во првите четири натпревари на Тудор како привремен менаџер на тимот. Многумина очекуваа и бараа тој да биде отпуштен денес.

„Спарс“ моментално се само еден бод над зоната за испаѓање и пред паузата за репрезентативни натпревари имаат патување во Ливерпул, реванш со Атлетико Мадрид и домашен натпревар против еден од нивните директни конкуренти во борбата за опстанок – Нотингем Форест.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...