Се огласи понижениот голман на Тотенхем: „Напуштањето на теренот беше еден од најболните моменти во мојата кариера“

Голманот на Тотенхем, Антонин Кински, ја прокоментира кошмарната ноќ во Мадрид, на неговото деби во Лигата на шампионите

Прегледи:

Датум:

Голманот на Тотенхем, Антонин Кински, ја прокоментира кошмарната ноќ во Мадрид, односно неговото деби во Лигата на шампионите.

Младиот голман направи две кардинални грешки во првите 15 минути, кои домашните ги искористија и за „петлите“ веќе немаше враќање назад во натпреварот.

Менаџерот на лондончани, Игор Тудор одлучи да го замени во 17-тата минута, а 22-годишниот Кински го напушти теренот во солзи и се упати кон соблекувалната.

Многумина го осудија потегот на хрватскиот стратег, конкретно актуелни и поранешни голмани, а сега и самиот Кински се огласи на социјалните мрежи.

„Како голман сонувате за големи ноќи како оваа, но понекогаш фудбалот е сурова игра и одеднаш сè тргнува наопаку. Јас ја преземам одговорноста за моите грешки. Раното излегување од игра е болно, а напуштањето на теренот беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Но, исто така знам дека сето ова е дел од фудбалот. Паѓаш, но наоѓаш сила повторно да станеш. Благодарен сум им на моите соиграчи и навивачи кои продолжија да ме поддржуваат дури и во вакви моменти. Вашата поддршка ми значи повеќе од сè. Ви ветувам дека ќе продолжам да работам уште понапорно и дека ќе се вратам и ќе го докажам мојот квалитет“, рече Кински.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...

Рафиња нов прв капитен на Барселона, Јамал петти на листата

Актуелниот шпански шампион Барселона денес објави дека прв капитен...

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...