Охрид и Силекс ремизираа во првиот дуел од полуфиналето од Купот на Македонија

Првиот полуфинален дуел во Купот на Македонија меѓу Охрид и Силекс заврши без победник (1:1).

Прегледи:

Датум:

Првиот полуфинален дуел во Купот на Македонија меѓу Охрид и Силекс заврши без победник (1:1).

Фудбалерите на Охрид го отворија резултатот преку одличната акција која со погодок ја круниса Иван Глигоров кој од непосредна близина го совлада Љупче Џеков.

До крајот на првиот дел, гостите од Кратово успеаа да стигнат до израмнување. Дарко Додев одлично мина левата страна и успеа да асистира за Ади Алиќ. Овој одлично со глава преку директниот чувар, но и голманот Серафимов во 45. минута успеа да израмни на 1:1.

Реванш дуелот од полуфиналето од Купот на Македонија се игра на 6 мај во Кратово.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...