Перез подготвува рекордна понуда за Жоао Невеш

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги обезбеди доаѓањата на Жозе Мурињо, Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, а сега првиот човек на „кралскиот клуб“ најави нов спектакуларен потег на трансфер пазарот

Прегледи:

Датум:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ги обезбеди доаѓањата на Жозе Мурињо, Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, а сега првиот човек на „кралскиот клуб“ најави нов спектакуларен потег на трансфер пазарот.

Во пресрет на претседателските избори во Реал Мадрид, на кои негов ривал ќе биде Енрике Рикелме, Перез откри дека во наредните денови ќе испрати понуда од дури 150 милиони евра за еден од најдобрите играчи од средниот ред на денешницата.

„Во вторник ќе испратам понуда до одличен клуб за врвен играч. Ќе понудам 150 милиони евра, што ќе биде највисоката сума што Реал Мадрид некогаш ја издвоил за фудбалер“, рече Перез.

Иако не сакаше да го открие идентитетот на играчот, тој нагласи дека не станува збор за Михаел Олисе, Ерлинг Халанд или кој било фудбалер од Премиер лигата.

Сепак, шпанските медиуми наскоро открија за кого станува збор. Големата цел на Перез е португалскиот интернационалец Жоао Невеш, играч од средниот ред на Пари Сен Жермен.

Невеш пристигна во Париз во летото 2024 година од Бенфика во трансфер вреден 66 милиони евра и брзо стана еден од клучните играчи за францускиот шампион. 21-годишниот играч од средниот ред досега одигра 97 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 14 гола и имајќи исто толку асистенции.

Според информациите од шпанските медиуми, Реал е подготвен да понуди повеќе од 150 милиони евра доколку е потребно, бидејќи Перез нема намера да се откаже од трансферот што го гледа како почеток на нова ера во средниот ред на мадридскиот гигант.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...