По 29 години, Волфсбург испадна од германската Бундеслига 

Познатиот германски фудбалски клуб Волфсбург вчера го загуби местото во елитната лига на фудбалот во Германија

Прегледи:

Датум:

Познатиот германски фудбалски клуб Волфсбург вчера го загуби местото во елитната лига на фудбалот во Германија.

По мизерна сезона, Волфсбург заврши во баражот со третопласираниот тим од Цвајт – Падерборн, од кого загуби дома.

Падерборн славеше по продолженијата со 2:1 и избори промоција во Бундеслигата, а Волфсбург се сели во пониска лига по 29 години.

Стрелци за Падерборн беа Филип Билбија и Лаурин Корда, додека единствениот гол за Волфсбург го постигна Џенан Пејчиновиќ. Треба да се каже и дека Волфсбург играше со играч помалку од 14-тата минута, бидејќи Јоаким Мале веќе доби втор жолт картон.

Така Волфсбург доживеа тажна судбина и испадна од Бундеслигата, 17 години откако ја освои.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...

Тренерот на Махачев за Пратес: Тој е вистински ѕвер!

Тренерот на Ислам Махачев, Хавиер Мендес, не го криеше...

Месина: Не можам да замислам дека НБА сака да ја колонизира Евролигата

Легендарниот тренер, Еторе Месина разговараше со италијанскиот весник „Газета...