По испаѓањето од Лигата на шампионите, Баерн започнува преговори со Гордон

Баерн Минхен не сака да губи време по разочарувањето во Лигата на шампионите. Германскиот шампион веќе прави планови за летниот преоден рок, а една од главните цели е крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон

Прегледи:

Датум:

Баерн Минхен не сака да губи време по разочарувањето во Лигата на шампионите. Германскиот шампион веќе прави планови за летниот преоден рок, а една од главните цели е крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон.

Според „Скај Спортс“, Баерн отворил преговори со Њукасл за евентуален трансфер на 25-годишниот англиски репрезентативец. Баварците го следат Гордон од почетокот на годината, а сега го направиле првиот конкретен чекор.

Њукасл наводно е подготвен да ги слушне понудите бидејќи клубот очекува Гордон да разгледува и други опции ова лето. Англичанецот има уште четири години договор на „Сент Џејмс Парк“, а оваа сезона е најдобар стрелец на Њукасл со 18 гола.

Интересно е што агентите на Гордон се видени и во Барселона во последните денови, но според истиот извор, досега немало директен контакт помеѓу Барселона и Њукасл.

Гордон му се придружи на Њукасл од Евертон во јануари 2023 година за околу 52 милиони евра, откако претходно беше поврзуван со Арсенал и Ливерпул. Менаџерот Еди Хау неодамна изјави дека сака само целосно посветени играчи во тимот.

„Нема да користам ниту еден играч освен ако не чувствувам дека е 100 проценти посветен на клубот и својата иднина“, рече Хау.

Оваа сезона, Гордон постигна 17 гола (десет во Лигата на шампионите) и имаше пет асистенции во 46 настапи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...