Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од шеснаесетфиналето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26.
Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во шеснаесетфиналето и директно ќе настапи во осминафиналето.
ПАРОВИ – ШЕСНАЕСЕТФИНАЛЕ:
Овче Поле Свети Николе – Вардар
Победа Валандово – Струга Трим Лум
Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930
Могила 2023 – Аресими 1973
БВК Коњари – Башкими 1947
Студеничани – Пелистер
Венец Неготино – АП Брера Струмица
Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932
Вардар Неготино – Работнички
Каменица Саса – Шкупи 1927
Тетекс 1953 – Брегалница 2008
Кожуф Гевгелија – Скопје
Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново
Новаци 2005 – Охрид Лихнидос
Осогово – Беласица
Слободен во шеснаесетфиналето: Силекс
Натпреварите од 1/16-финалето ќе се одиграат на 1 или 2 септември 2026 година. Исклучок се натпреварите Крошу Спорт Битола – Тиквеш и Могила – Аресими, кои ќе се одиграат на 24 септември, поради учеството на селекција од Битола на квалификациите за УЕФА Регионалниот куп во Босна и Херцеговина.
Екипите домаќини ќе можат натпреварите да ги организираат на стадиони кои се одобрени најмалку за одигрување натпревари од Втора МФЛ.
Согласно Пропозициите за Куп натпреварувањето на ФФМ за сезоната 2026/27, до финалето на Купот на Македонија ќе се игра само еден натпревар, односно нема да има реванш-средби. Доколку натпреварот заврши со нерешен резултат по истекот на регуларните 90 минути, веднаш ќе се пристапи кон изведување пенали, сè до добивање победник.
Ждрепката за осминафиналето на Купот на Македонија ќе биде извршена согласно Пропозициите за Куп натпреварувањето за сезоната 2026/27, соопшти ФФМ.


