Пропадна враќањето дома на Бензема

Карим Бензема беше на прагот да се врати во Лион, каде што можеше да ја заврши својата богата играчка кариера, но на крајот не беше постигнат договор

Прегледи:

Датум:

Карим Бензема беше на прагот да се врати во Лион, каде што можеше да ја заврши својата богата играчка кариера, но на крајот не беше постигнат договор.

Бензема неодамна ја заврши соработката со Ал-Хилал, каде што беше во втор план во последните месеци. Откако го раскина договорот pо заедничка согласност, 38-годишниот стана слободен агент и сега размислува што да прави понатаму.

Според францускиот весник „Л’Екип“, Лион бил многу блиску до враќање на својот поранешен напаѓач.

На прв поглед, таквата операција изгледала речиси невозможна, особено со оглед на финансиската состојба на клубот, но Бензема наводно бил подготвен да ги олесни работите за неговиот матичен клуб.

Неговата идеја била да се врати во Лион и да игра уште една сезона без плата. Тој сакал да го помине последниот дел од својата професионална кариера таму каде што сè започнало, а контактите меѓу претставниците на клубот и неговата околина навистина постоеле.

Според францускиот весник, Бензема бил искрено заинтересиран повторно да го носи дресот на Лион.

Сепак, времето работело против него. Бензема не успеа навреме да ги реши сите обврски поврзани со неговиот ангажман во Саудиска Арабија, па неговото враќање во Франција не можеше да се реализира пред затворањето на преодниот рок.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Грчката кошарка во центарот на скандал: Истрага поради сомневања за местење натпревари

Грчката кошарка е потресена од голем скандал откако, според...

Бернал доби суспензија од четири натпревари поради удирањето на Јамал

Факундо Бернал, играчот од средниот ред на Реал Бетис,...

Неверојатна приказна го обиколи светот: Ослабел 108 кг, се вратил во фудбалот и добил повик од гигант

Приказната за 32-годишниот бразилски футсал играч Брено Едувиге, попознат...

Големиот пад на поранешната ѕвезда: Каде „исчезна“ Алваро Мората?

Што се случува со Алваро Мората? Тоа е прашањето...