Пуштени билети за баражот против Данска – за македонските навивачи чинат 3.650 денари

Прегледи:

Датум:

Македонската А репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското Првенство 2026.

Фудбалската федерација на Данска, за нашите навивачи ги обезбеди следните места и ги одреди цените на влезниците:

Гостински навивачи: Блок D1 – до 1.750 седишта Цена: 3.650 денари

Гостински навивачи со попреченост: Блок D1 – 6 позиции за корисници на инвалидски колички Цена: 3.650 денари

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/).

По извршување на купувањето, секој навивач најпрво ќе добие е-пошта со потврда за трансакцијата. Врз основа на таа потврда, ќе биде издаден официјалниот билет и испратен на е-поштата наведена при купувањето.

Билетите се доставуваат електронски, преку е-пошта, и ќе пристигнат 14 дена пред одигрувањето на натпреварот, соопштија од ФФМ.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/ Македонска Фудбалска Репрезентација

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...